Момчиња се обиделе да силуваат другар во училишниот двор! Ужас во Скопје, таткото итно повика полиција

Двајца малолетници вчера нападнале и се обиделе да силуваат свој другар во училишниот двор на едно од училиштата во Ѓорче Петров, предградие на Скопје, соопшти полицијата.

Грозоморниот чин во кој учениците употребиле тврд предмет го пријавил таткото на жртвата.

„На 08.10.2024 година во 20.00 часот во СВР Скопје, 44-годишен скопјанец пријавил дека во периодот од 11.00 до 15.00 часот во дворот на основното училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца соученици, кои се обиделе да извршат сексуален чин со тешки дејствија .