Момчето кое беше малтретирано на Крит е мртво, но неговото срце ќе му го спаси животот на друго дете: ,,Сцената од болницата ме насолзи”

Рано утринава, во болницата Пагни на Крит заврши процесот на вадење органи од телото на момчето кое беше прогласено за мозочно мртов по претрпено брутално малтретирање од неговата мајка и нејзиниот партнер.

Емотивните моменти се снимени во болница во Ираклион на Крит. Пред да започне процесот на вадење на органи од малиот Ангелос (3), лекарите одржаа едноминутно молчење во спомен на момчето кое така неправедно го загуби животот.

„Минута молк од хируршките екипи, како мала почит кон малиот Анџело, кој им даде живот на нашите болни сонародници. Наша најтопла благодарност до Управата, Детското одделение и целиот персонал на Општата болница Ираклион, како и Окружното обвинителство Ираклион за одличната соработка. Огромна почит до бабата на малото момче за нејзината одлука да донира. Се надеваме дека овој нејзин чин ќе и ја олесни неискажливата болка“, се вели во соопштението на Грчката организација за трансплантација.

Објавена е и фотографија од собата, на која се гледаат лекарите како молчат со наведнати глави и му оддаваат почит на малиот.

Според „Прототема“, нешто пред 7 часот наутро, две амбулантни возила во придружба на полициско возило се упатиле кон аеродромот кои ги превезувале срцето и бубрезите на малото момче.

Срцето ќе биде префрлено во болница во Берлин, додека бубрезите ги прими тим лекари во Атина. Според информациите тие ќе бидат префрлени во Хипократовата болница во Солун. Таму ќе се вршат тестови за компатибилност и процесот ќе продолжи.