Момчето кому Марија Шерифовиќ му пружи помош е измамник! Мустафа кој живеел под мостот го исфрлиле од станот: „Тој е алкохоличар и лажго!“ (фото/видео)

Марија Шерифовиќ му помогна на Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој спиеше под мостот, да му обезбеди покрив над главата и нормални услови за живот. Меѓутоа, како што сега пренесуваат медиумите, младиот човек ја измамил пејачката и се претставил во сосема поинакво светло од она што навистина е.

Марија му нашла работа на градските базени, му плаќала кирија за стан за една година и три оброци дневно во блискиот ресторан.

Сега се појави веста дека Мустафа бил избркан од станот, за што Марија му платила кирија, а се огласил и сопственикот на станот кој тврди дека е обичен измамник.

Таа тврди дека снимањето на Мустафа под мостот било чиста глума, со која сакал да го добие сожалувањето на луѓето и донации. Го нарече безделник, лажго, коцкар и алкохоличар, а кажа и дека е многу неуреден и дека е лага дека живее со сопругата и нејзините три деца.

Да потсетиме, на Марија и’ беше жал кога слушна за ова момче живее под мост.

– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници такви примери. Но ако малку му помегнеме тој ќе ги надмине сите маки и тешкотии, рече тогаш Марија.