Момчето на починатата кошаркарка постојано го повторува само ова: Беше на неколку метри од неа пред да падне настрешницата, семејството скршено од болка

На територијата на општина Параќин денеска почнува тридневна жалост за настраданата девојката. Несреќното девојче е извлечено од урнатините по падот на нереконструираниот дел од настрешницата во Нови Сад. Имала внатрешно крварење, раката и’ била ампутирана и била приклучена на дијализа. Семејството и нејзиното момче деноноќно биле во болница и се молеле за нејзино закрепнување.

Нејзиното момче беше сведок на овој трагичен настан. Имено, двајцата разговарале на телефон додека таа излегувала од станицата во Нови Сад, а потоа на само неколку метри од него се случила трагедија.

– На сите им е тешко, а тој, како што рече, бил на неколку метри од неа. Ја чекаше да излезе од железничката станица. Во моментот кога се случила несреќата, кога паднала настрешницата, двајцата разговарале на телефон, тој и- рекол: „Те гледам…“, а следниот момент кога се случила несреќата, настрешницата паднала. Видел сè, секој момент – рекол роднината на починатото девојче.

Починатата девојка била студентка на Филолошкиот факултет во Белград и студирала кинески јазик.

Информацијата дека девојчето починало ја потврди в.д директорката на Клиничкиот центар „Војводина“, Весна Туркулов.

– Се работи за пациент со најтешки повреди. Петнаесеттата жртва во несреќата што се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај борбата и напорите на лекарите, дошло до смртен исход. Во името на сите вработени во КЦВ сакам уште еднаш да изразам најдлабоко сочувство до семејството и благодарност до лекарите кои дадоа сè од себе – рече Туркулов, пренесе Србија Данас.

За потсетување, несреќата се случи на 1 ноември додека патниците чекале автобус под бетонска конструкција кој ненадејно се урнал.