Момче (16) почина на неговиот роденден во италијанскиот град Лече, соопшти полицијата.
Во зори бил пронајден како лежи мртов покрај својот велосипед. Неговото тело го пронашол случаен минувач во шест часот наутро и веднаш повикал брза помош.
За жал, лекарите можеле само да констатираат смрт.
На телото на момчето не се пронајдени траги на насилство, а причината за смртта ќе биде позната по обдукцијата.
Полицијата покрена истрага за смртта на момчето.
Во наредните денови ќе испитуваат како момчето ги поминало последните часови од животот, како и дали претходно боледувало од некоја болест или консумирало наркотици или слично.