Момче (13) осомничено дека со секира и нож тешко ги повредило тинејџерот М.С.(17) и неговата мајка В.С.(57) во градот Радоево кај Нова Црња, се стаоиса откако полицијата го приведе.
Страшниот напад се случил синоќа околу 01:20 часот во дворот на семејната куќа во Улица Маршал Тито на тоа место. Наводно, малолетниот осомничен по расправија фатил секира и нож и го избодел М.С. по стомак, а во пределот на главата била удрена неговата мајка В.С., која пришла на своето дете да му укаже помош.
– По приведувањето малолетниот осомничен целосно се стаписал во полиција. На прашањето на полицајците зошто ги нападнал другарот и мајка му, момчето само одмавнало со главата – вели добро информиран извор.
Во меѓувреме, полицијата на Зрењанин соопшти дека го уапсила таткото на осомниченото момче (31) поради запуштање и негрижа на малолетно лице.
– И мајката на момчето беше кратко приведена, но против неа во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава, што значи дека ќе се брани од слобода – вели изворот.
Да потсетиме, тринаесетгодишно момче со секира и нож тешко го повреди тинејџерот М.С., со кој се дружел, и неговата мајка В.С. Повреденото момче успеало да повика полиција на телефон, која го пронашла во локви крв на улица во селото Радоево во Нова Црња.