Момчето-убиец кое на 3 мај изврши страотен масакр во ОУ „Владислав Рибникар“, веднаш по трагедијата, е префрлен на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци во Белград каде сè уште е задржан.
Пред крвавиот пир во својата соба детално испланирал како ќе влезе во училиштето тоа кобно утро, какво оружје ќе употреби и кои деца ќе му бидат мети. Иако сите очекуваа дека кога ќе сфати што всушност направил и дека завил десет семејства во црно, ќе ги покаже своите емоции, тоа не го направи.
Исто така, персоналот останал во шок бидејќи бил сосема ладен дури и кога се видел со мајка си за првпат.
– Момчето убиец ниту еден момент не го променило однесувањето. Секогаш кога му поставувале прашања за делото што го направил, тој одговарал сосема мирно, ладнокрвно и без трошка емоции. Сите очекуваа дека нешто ќе се смени кога ќе види некого од семејството, меѓутоа кога првпат ја виде мајка си во болница се однесуваше како да видел странец, немаше апсолутно никаква реакција, што ги остави вработените во шок – вели извор од истрагата.
Да потсетиме, на мајката во октомври и’ беше изречена мерка забрана за приближување, средба или комуникација со одредено лице, со која и’ беше забрането да се приближува, да се сретне или да комуницира со сведокот на момчето-убиец, а во исто време била предупредена дека доколку ја прекрши забраната може да и’ се изрече построга мерка.