Момчето-убиец од Рибникар направи страшна работа на клиника: Вработените загрижени за себе по новото сознание? (ФОТО)

Повеќе од една година, додека престојува во болница, не престанува да ги шокира вработените со своето однесување.

Момчето-убиец изврши крваво злосторство на 3 мај минатата година во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога уби девет ученици и чувар на оваа образовна институција. Од денот на грозоморното злосторство, монструмот е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци.

Повеќе од една година, додека престојува во болница, не престанува да ги шокира вработените со своето однесување, а една работа е особено вознемирувачка!

-Не крие дека му е здодевно на клиниката и сака да биде пуштен на слобода, меѓутоа, она што персоналот неодамна го дозна е дека момчето-убиец се сеќава на сè што ќе кажат. Всушност, тој прислушува што зборуваат вработените, им ги знае имињата, приватните детали од нивниот живот… – дознава српскиот портал ,,Србија Данас” неофицијално од извор запознаен со случајот.

За потсетување, грозоморното злосторство се случи на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога вооружено момче влета во зградата во 8 часот и 40 минути.