Момчето-убиец кое на 3 мај 2023 година изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ кога со пиштолот на татко му уби деветмина негови врсници и училишен чувар, од тој ден е сместен на Клиниката за неврологија и психијатрија.
Неговото однесување во последните десет месеци, кои поминаа од злосторството кое Балканот не го памети, секојдневно ги шокира лекарите и медицинскиот персонал на клиниката, а неговата ладнокрвност целосно ги скрши родителите на убиените деца на рочиштето во судскиот процес против неговиот татко.
Според неофицијални информации, момчето во последно време повторувало дека сака да соработува со полицијата, но по негови услови. Повторува и дека ќе ја разоткрие мајка си.
-Досега момчето бараше да излезе надвор, бараше да сии оди, да гледа фудбал, бараше хартии и боички да црта, имаше некои нереални желби… Покрај тоа, само молчеше, зборуваше само кога сакаше нешто, нешто што би го исполнило… Мајката не може да го види, има судски налог, а тој не ни бара, нема желба да ја види, ниту да разговара со неа, само сака да и” наштети – вели неофицијален извор и додава:
-Постојано повторува дека сака да соработува, дека сè ќе каже детално, постојано повторува дека ќе открие како мајка му му помогнала. Работите што тој ги кажува се морничави. Сака да соработува со полицијата, но сака и да му се исполнат желбите, па ќе проговори, како што вели. Болно е да го слушате, но неверојатно е колку ја мрази мајка си, барем преку тоа што го кажува – заклучува изворот.
За потсетување, во обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград беше предложено судот да го осуди таткото на 12 години затвор, а мајката на две и пол години.