Момчето-убиец (13 г.) кое на 3. мај уби девет врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија, и тешко повреди уште четири деца и еден просветен работик, не се покајал ниту плакал за другарите.
Како што дознава српскиот весник Курир, за време на распитот на ученикот кој го изврши грозоморниот масакр, родителите на жртвите собрале храброст и му поставиле неколку прашања на момчето-убиец, кое преку видео врска било сослушувано од просториите на психијатриската клиника во Белград во која се наоѓа два и пол месеци.
„Го прашала една мајка момчето кога последен пат плачело. Неговиот одговор ги оставил без зборови сите присутни, бидејќи ладнокрвно, без емоции и сочувство кон жртвите и нивните семејства рекол: Не се сеќавам кога последен пат сум плачел!“, открил изворот на весникот Курир и додал дека тоа ги навело сите присутни до заклучок дека тој не пуштил ниту една солза за своите пријатели, но дека искрено не се покајал и не се кае за тоа што го направил.
За потсетување, 13-годишникот беше сослушан како сведок во истрагата што ја води обвинителството во Белград против неговиот татко, поради сомнение дека го однел синот на стрелиште и го научил да пука иако имал само 13 години, како и поради тоа што оружјето било оставено на не доволно безбедно место за момчето одоносно двата пиштоли.
За момчето-убиец не се води истрага бидејќи во времето кога го извршил делото имало 13 години, според законот не одговара кривично.