Момчето (12) кое денеска уби врсник во училиште и тешко рани уште двајца, го призна убиството: Еве што ќе се случи со него

Момче (12), кое е осомничено дека денеска во училиште во Финска убил свој врсник и тешко ранило уште двајца, наводно на прелиминарното рочиште го признал убиството.

Според локалните медиуми, едно од застреланите момчиња починало на лице место, додека други две со тешки повреди се пренесени во болница и нивната состојба е критична.

,,Се работи за ученици од 6-то одделение“, соопштија од полицијата

Мотивот за ова грозоморно злосторство сè уште не е познат, а се очекува малолетниот осомничен утре повторно да биде изведен пред суд. Тој денеска ќе биде предаден во Центарот за социјална работа, а нема да се соочи со кривична пријава бидејќи според законот е под 15 години.

„Согласно законот, осомничениот не може да биде приведен“, соопштија финските власти.

Истрагата во училиштето ќе продолжи утре.

„Меѓу другото, се истражува кој бил мотивот за ваков брутален чин, потребно е да се дознае што довело до ова“, вели извор од истрагата.

Утре се очекува полицијата да соопшти повеќе детали.

Претходно полицијата соопшти дека момчето не се заканувало дека ќе повреди никому пред крвавиот чин. Полицијата добила повик во 9 часот и 8 минути, а осомниченото момче било уапсено околу 10 часот во близина на училиштето.