Момче (12) било пронајдено без знаци на живот во улицата Вука Мандушиќ.
-Тропна на прозорецот на својата тетка и наеднаш се струполи. Истрчавме кај него да му помогнеме, но немаше начин да го спасиме. Живее неколку улици подалеку со своите родители. Немал видливи повреди по телото – вели еден од соседите.
Како што се дознава, лекарите од итната помош констатирале смрт во 21:45 часот , а наредена е итна обдукција.
Засега не е познато како починало момчето .
Инаку, во белградските медиуми прво се појавија информации дека се работи за девојче, но се потврди дека жртвата е момче.
Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.