Полицијата уапсила двајца тинејџери осомничени дека убиле момче (14) во петокот кога се враќало од тренинг.
Според медиумите, осомничените момчиња денеска биле изведени во обвинителството, а за малолетниците станува збор веќе познати на органите на прогонот.
Француската полиција уапси тинејџер по брутално убиство во Париз.
Убиеното момче се викало Елијас.
Околу 20,00 часот кога излегувал од тренинг во 14-тиот арондисман, го нападнале и му го побарале мобилниот телефон. Кога тој одбил да им го предаде телефонот на разбојниците, тие го избоделе.
И покрај напорите на лекарите, момчето им подлегна на повредите во саботата во болница.
Полицијата набрзо по инцидентот успеала да ги уапси убијците, момчињата се на 16 и 17 години и живеат во 14-тиот арондисман.
По приведувањето им е одредена мерка притвор.
Како што соопшти обвинителството, осомничените малолетници родени во мај 2007 и август 2008 година се стари познаници на судството. Еднаш, во декември 2023 година, им биле изречени мерки за кражба и изнуда.
Тие беа во суд и на 30 октомври минатата година за насилен грабеж, а судењето за тој случај беше закажано за јуни годинава.
Оттогаш на двајцата малолетници им е изречена забрана за меѓусебно контактирање. Сепак, тие биле заедно кога го нападнале и го избоделе младиот Елиас.