Телото на таткото било пронајдено зад вратата од дневната соба, а момчето е пронајдено мртво меѓу нозете на неговиот татко.
Во текот на истрагата било утврдено дека Бронсон Батерсби (2), кој бил пронајден склупчен во пижами покрај својот мртов татко, починал од дехидрација, пишува Дејли мејл .
Двегодишното момче било пронајдено на 9 јануари како се припило за телото на својот татко Кенет (60), кој починал од срцев удар.
Социјален работник пристигна во нивниот дом во Линколншир на 2 јануари за време на рутинска посета. Бидејќи никој не и одговорил, таа повторно дошла на 4 јануари, а потоа повикала полиција. Кенет бил невработен и имал срцево оболување поради кое добил жолтица. Поради оваа причина, социјалниот работник ги посетувал еднаш неделно.
Но, телата на таткото и синот биле пронајдени дури пет дена подоцна, кога социјалниот работник го зел клучот од сопственикот и влегол во куќата. Мајката на момчето, Сара (43) последен пат го видела синот пред Божиќ.
Истрагата што ја отвори Пол Смит се дозна дека Бронсон отишол да живее со својот татко откако неговите родители се разделиле во летото 2022 година, додека неговата постара сестра и брат останале со нивната мајка.
Телото на Кенет беше пронајдено зад вратата од дневната соба, а Бронсон беше пронајден мртов меѓу нозете на неговиот татко.
Организацијата за заштита на децата во Линколншир започна независна истрага на случајот, кој започна во февруари. Се очекува да трае шест месеци.
Момчето по смртта на неговиот татко останало без храна и вода, а неговото тело било пронајдено на 9 јануари.
Полицајците заплакале кога ја виделе страшната глетка во станот.
Нивното куче Скајлер успеа да преживее.
„Она што се случи ни ги скрши срцата. Бронсон не го заслужи ова. Го најдоа склупчен пред нозете на Кенет. Остана во мрак, сигурно беше многу исплашен и збунет. Веројатно мислеше дека татко му само спие. Прекрасно момче Секогаш беше насмеан и сакан, сакаше да се гушка“, рекол пријател на неговиот татко.
Неговата мајка Сара го идентификувала телото.
“Не можев да го земам, неговото тело беше многу кревко. Можев само да го допрам, тој беше сам предолго”, рекла таа.
Таа тогаш рекла дека последен пат го видела синот пред Божиќ по расправија со бившиот сопруг.
„Доколку социјалните служби ја завршеа својата работа, Бронсон сè уште ќе беше жив. Но, тие не направија ништо. Не можам да верувам. Не можам да им дозволам да се извлечат со ова. Ги имав резултатите од обдукцијата. Бронсон умре од глад бидејќи татко му починал, изјавила мајката на момчето.