Во Германија 12-годишно момче било застрелано во глава, а полицијата ја истражува можноста за обид за убиство, наводно извршен од негов 14-годишен пријател, објави денеска „Билд“.
Момчето во неделата вечерта со спасувачки хеликоптер било пренесено во болница во Штутгарт.
– Неговата состојба сè уште не е позната. Чекаме информации од докторот – изјави роднина на момчето.
Полицијата набрзо потврдила дека не станува збор ниту за обид за самоубиство, ниту за несреќа.
Портпаролот на јавното обвинителство во Ротвеил, каде што се случи несреќата, Робин Шреј, изјави дека тие го истражуваат случајот како обид за убиство.
Момчето живеело со семејството во мирниот град Ирслинген, населба со околу 900 жители.