Тинејџерот (18) пристигнал во полициската станица во Гелзенкирхен, Германија, во понеделник вечерта и со треперлив глас рекол дека направил нешто ужасно…
Потоа отишол во полициската станица каде што им признал на полицајците дека ја убил мајка си (46).
Полицијата веднаш отишла на адресата и по отворањето на вратата од станот, наишла на ужасна сцена – мајката лежела на подот во локви крв. Жената била прогласена за мртва на местото на настанот.
„Околу 20:30 часот, 18-годишен маж се појавил во полициската станица Буер и пријавил насилно злосторство. Потоа полициските службеници пронашле безживотна 46-годишна жена. Одделот за убиства моментално истражува, полицајците собираат докази на местото на злосторството, а младиот човек е уапсен“, изјавил портпаролот на полицијата.
Соседите го опишуваат младиот човек како осаменик. Сепак, тој беше впечатлив – висок, силен, често во црно палто, со долга брада и чизми.
Според соседот, тој често седел пред компјутерот, дури објавувал десничарски екстремистички содржини на интернет, а наводно дури и се појавувал на суд.
Според „Билд“, неговите родители се разведени. Финансиските проблеми, исто така, ја отежнале ситуацијата. Мајката наводно неколку пати се обидела да го мотивира синот да се промени.
Зошто се случило убиството засега е непознато.