Падот на момчето (2) бил амортизиран со тенда поставена на влезот од станбениот блок.
Момче (2) додека си играло со својата сестра паднало од прозорец на стан во Клуж-Напока, Романија , а за жал мајка му не ги слушнала бидејќи е глувонема.
Жената не успеала да го слушне моментот кога братот и сестрата го отвориле прозорецот од собата, по што дошло до оваа несреќа.
Падот на малото дете бил амортизиран со тенда поставена на влезот од станбениот блок.
Пожарникарите веднаш по пријавата излегле и интервенирале во улицата Муресулуи.
Девојчето ги замолило соседите да се јават на 112, бидејќи нејзината мајка не можела да зборува.
Детето било преземено од екипа на Брза помош, а потоа е пренесено во болница на преглед и понатамошно лекување. Лекарите велат дека бил свесен и дека соработувал, пренесува Информер .