Момчето Николас (7), по потекло од Албанија , се удави денеска на Крит.
Тој се удавил додека пливал на локална плажа.
Момчето било на одмор со мајка си, а кога ја замолил да оди на плажа, таа одбила.
Меѓутоа, тој го искористил нејзиното невнимание и тајно излегол од куќата.
Неколку минути подоцна, непознат маж видел детско тело како лебди во водата.
Веднаш го извлекол од водата, но Николас бил во несвест.
Брзата помош веднаш пристигнала на плажата, се обиделе да го реанимираат детето, но не успеале.
Тој бил пренесен во локалниот здравствен дом, каде за жал починал.