Приказната е снимена во Националниот парк Матуадона во Зимбабве, познат по големиот број лавови, слонови, црни носорози и други диви животни.
Тинотенда Пуду (8) залутал дури 23 километри од својот дом, во оддалечена заедница во близина на вештачкото езеро Кариба и завршил во споменатиот парк. Таму помина пет дена и преживеа неверојатна авантура.
Копање мали бунари
Додека траеше потрагата, малото момче спиело на карпи, опкружено со лавови и слонови и се хранело со шумски плодови. Тој преживеал користејќи го своето знаење за дивината.
Освен тоа, со стап ископал мали бунари во сувото корито и на тој начин наоѓал вода за пиење, пренесува NDTV.
Спасувачите ја обиколиле огромната површина и лупале со тапани за да го повикаат момчето, но залудно. Се веруваше дека нема да може да преживее.
„Последна шанса“
На петтиот ден од неговото исчезнување, Тинотенда слушнал звук на автомобил управуван од ренџери и трчал по него. Нашле свежи човечки стапалки и по пет часа потрага момчето било лоцирано и спасено!
„Ова веројатно му беше последна шанса по пет дена во дивината“, изјави функционерот Муца Муромбези.
Неверојатната приказна го обиколи светот, а милиони му аплаудираа на момчето за неговата издржливост и умешност.
„Неверојатно е. Бев во тој парк минатата година и ги видов најстрашните лавови “, напиша едно лице, додека друго додаде: „Да бев филмски режисер, со оваа приказна ќе заработев милиони“.