ЕДНА од најпознатите слики во светот „Мона Лиза“ чува повеќе тајни отколку што се мислеше, смета францускиот научник Паскал Коте.
Како што пишува BBC, а пренесува National Geography, Коте со години го анализирал познатиот портрет насликан од Леонардо да Винчи, а под слојот маслена боја успеал да пронајде уште еден портрет и скица.
Сега можеме да ја реконструираме хронологијата на создавањето на сликата – објаснува Коте, кому музејот Лувр му овозможи да ги истражи тајните на оваа слика уште во 2004 година. Патем, тој е пионер во употребата на техниката наречена метод на засилување на слоеви (LAM техника), која вклучува проектирање на силна светлина на сликата и мерење на рефлексијата на светлината.
Не е истата жена
За можниот идентитет на жената која му позирала на Леонардо за оваа слика се зборува долго време, а најчесто мислење е дека тоа е Лиза Герардина. Паскал Кот тврди дека неговото откритие не ја поддржува оваа теорија и дека под површината на денешната слика се наоѓа портрет на Лиза на Да Винчи, а портретот наречен „Мона Лиза“ прикажува сосема поинаква жена.
Кога ја завршив реконструкцијата на Лиза Џерардини, се најдов пред портрет кој е сосема поинаков од денешната „Мона Лиза“. Не е истата жена – објаснува Коте, кој додава дека една од сликите под „Мона Лиза“ има поголема глава и нос, поголеми раце и потенки усни.
Сепак, Мартин Кемп, историчар на уметност од Оксфорд, не е убеден дека тоа е вистина.
– Сликите на Кот се добри за да покажат што можеби мислел Леонардо. Но, идејата дека некоја друга слика е скриена под површината е неодржлива.
– Го гледам како, повеќе или помалку, процес на еволуција на сликата. Целосно сум убеден дека Мона Лиза е Лиза – тврди Паскал Коте.