Владата во Германија одлучи да издаде специјални монети од 11 евра!
Во рамките на Европското фудбалско првенство што ќе се одржи во таа земја, ќе бидат пуштени во оптек на 8 мај.
Новите монети ги објави германското Министерство за финансии. На монетата од 11 евра е претставена архитектурата на Олимпискиот стадион во Берлин, каде што ќе се одржи финалето. Во центарот на монетата е поставена голема фудбалска топка околу која може да се види теренот и неколку аголни знамиња. Монетата е украсена со детали во боите на знамето на земјата домаќин. Од другата страна е прикажан орел.
Ако сакате, можете да платите за стоки или услуги со монета од 11 евра .
– Германските комеморативни евро монети се законско средство за плаќање во Германија во согласност со овој закон – наведува Сојузното Министерство за правда.
Единственото прашање е дали вреди да се плати со оваа извонредна паричка. Можеби ќе има повеќе смисла да се задржи монетата бидејќи има колекционерска вредност.
– Кованите пари со колекционерски квалитет се издаваат по продажна цена што е над номиналната вредност – соопшти Министерството за финансии.
Значи, ако сопствениците плаќаат со монета од 11 евра, тоа е загуба за нив бидејќи платиле повеќе за да ја добијат. Покрај тоа, вредноста на монетата може само да се зголемува со текот на времето, пишуваат германските медиуми.
Монетата од 11 евра веќе може да се нарача преку специјализирани онлајн продавници по цена од 100 евра.