Моника Белучи како од мајка родена: Нејзините голи слики им го поматија умот на многумина 

„Безвременска убавина“…

Моника Белучи со години важи за една од најубавите жени на светот, а за тоа сведочат и фотографиите на Инстаграм кои неодамна ги објави.

Италијанската дива објави фотографии од помладите денови, кога сними едиторијал за магазинот „Вог“.

Како што може да се забележи, Моника, како од мајка родена, гордо позирала пред објективот на камерата, а во преден план била нејзината завидна фигура.

Разголената актерка на многумина на мрежите им го збуни умот, а под објавата не недостигаа коментари и пофалби.

„Безвременска убавина на дело“, гласи еден коментар кој најдобро ја опишува Белучи.