Моника Белучи научи да пцуе на српски! Емир Кустурица бил изненаден од однесувањето на секс-бомбата: „Кога го кажа тоа останав запрепастен“

Моника Белучи научи да пцуе на српски на снимањето на филмот „На млечниот пат“!

Во 2016 година, Емир Кустурица покани една од најубавите жени во светот да глуми во филмот што тој го режираше и го напиша сценариото.

Многу години подоцна, Куста откри непознати детали од снимањето на оваа драма, на која тој и Моника работеа цели три години.

Убавата Моника го изненадила Кустурица штом пристигнала во Србија бидејќи веќе научила да зборува на српски!

– Штом излезе од авионот ме праша: „Како си?“. Бев шокиран бидејќи во тој момент немав поим дека научила нешто на нашиот јазик – вели Куста и додава дека Моника не застанала тука:

– Сите реплики на Моника во филмот се на српски јазик и затоа мораше донекаде да го совлада нашиот јазик. Научила да го изговара проклетството: „Мажите се добиток“, бидејќи тоа е дел од еден од нејзините реплики за филмот. Јас ѝ одговорив: „Треба да знаеш дека не се сите мажи говеда и дека има посебни“, а таа се насмеа. 

 

Познатиот режисер вели дека бил воодушевен од подготвеноста на Белучи да прави се сама и дека таа не правела никакви проблеми.

– Кога човек ќе ја запознае Моника, не само визуелно, туку и духовно, сфаќа колку е извонредна личност. За потребите на филмот, таа скокна од авион, се тркалаше во сено и кал и ништо не и беше претешко!

А Моника имаше само пофални зборови за Кустурица.

 

– Снимањето траеше долго, но со Емир никогаш не беше досадно. Со овој филм тој покажа колку ги сака и почитува жените и актерките. За мене Кустурица е многу повеќе од режисер. Тој е сестран уметник, продуцент, музичар, писател и актер – вели познатата актерка и признава дека била загрижена кога Емир и рекол дека во филмот ќе мора да зборува на српски јазик:

 

-Кога ми ја понуди улогата се радував, но не знаев дека филмот е на српски, мислев дека е на англиски. Кога сфатив дека морам да зборувам српски, малку се загрижив бидејќи не знаев како ќе го направам сето тоа, но на крајот сè излезе добро.