Познатата актерка Моника Белучи официјално ја потврди врската со режисерот Тим Бартон, откако медиумите објавија дека се во врска неколку месеци.
Во интервју за француското издание на магазинот „Elle“, актерката призна дека го сака.
,,Што да кажам. Мило ми е што го запознав. Тоа е една од оние средби што може да се случат во животот. Го познавам човекот, го сакам и сега ќе се запознаам и со неговите родители – започнува нова авантура“, рече таа, мислејќи на нејзината улога во филмот „Битлси 2“, кој се снима во Лондон.
Како што изјавила, врската ја започнале во октомври минатата година, а се познаваат 16 години. Тој тогаш беше во брак со нејзината колешка Хелена Бонам, додека Моника се разведе од актерот Винсент Касел пред неколку години.