Моника Левински, една од најисмејуваните жени на модерната ера, се огласи на социјалната мрежа Х и предизвика море од коментари, бидејќи цитатот, според многумина, се однесува на Бил Клинтон.
Имено, и Моника се приклучи на трендот кој го започна новата песна на Тејлор Свифт. Станува збор за песната „Кој се плаши од малиот стар мене?“.
Со оглед на тоа што по објавувањето на песната, фановите започнаа тренд кој вклучува споделување фотографии од места или работи кои ги обликувале во она што се денес, тоа го направи и Моника Левински.
Еден дел од песната на Тејлор вели „Не би издржала ниту еден час во лудницата во која ме одгледале“, а Моника решила да ја искористи оваа реченица за да ја опише Белата куќа.
you wouldn’t last an hour in the asylum where they raised me. pic.twitter.com/hkhdRlBCkj
— Monica Lewinsky (she/her) (@MonicaLewinsky) April 25, 2024
Твитот стана вирален, а за тоа говори и фактот дека за помалку од 24 часа имаше повеќе од 11 милиони прегледи.
Некои од коментарите на споменатиот твит беа:
„Ти го освојуваш овој тренд“, „Да беше твитањето олимписки спорт, Моника би освоила златен медал со овој скапоцен камен“.