Маж од северен Тексас, кој неодамна беше осуден за убиство на три лица, распарчување и палење на нивните тела, е осуден на смрт.
Покрај делата за кои Џејсон Торнбург (44) е осуден на смрт, тој ги признал и претходните убиства на поранешната девојка и цимерот.
На 22 септември 2021 година, пожарникарите од западен Форт Ворт реагираа на извештај за пожар во контејнер зад деловна зграда веднаш по 6:15 часот. Кога го изгаснале пожарот, пронашле делови од човечки тела. Телата беа тешко изгорени, распарчени, а некои делови недостасуваа, соопшти тогаш полицијата во Форт Ворт.
Торнбург, асистент на електричар, беше уапсен откако снимките од безбедносните камери во мотел во Јулис и во близина на контејнер го поврзаа со злосторството.
Жртвите, маж и две жени, се идентификувани како Дејвид Луерас (42), Лорен Филипс (34) и Марикруз Матис (33). Торнбург и’ рекол на полицијата дека ги распарчил нивните тела и ги складирал во соба во мотел во Јулис пред да ги запали.
Торнбург рече дека делел хотелска соба со Луерас. Тој на полицијата и’ рекол дека верува оти Луерас „мора да биде жртвуван“. Му го пресече грлото, а потоа го исече на парчиња во кадата. Според полицијата, посмртните останки биле чувани во кеси за ѓубре неколку дена пред тој да ги пренесе во пластични садови.
Тој додаде дека жените ги познава „површно“. Сепак, тој веруваше дека и тие мора да бидат жртвувани. Прво и’ го пресекол грлото на едната и ги ставил нејзините делови во контејнер. Два дена подоцна, според изјавата, друга жена влегла во собата каде што ја избодел и ја задавил. Нејзините останки исто така завршиле во контејнер.
Според изјавата, Торнбург тврдел дека има длабоко познавање на Библијата и верувал дека Бог го повикал да изврши човечки жртви.
Торнбург подоцна призна дека ја убил својата поранешна девојка, 36-годишната Тања Бигеј, во Аризона во 2017 година, како и неговиот поранешен цимер, 61-годишниот Марк Џевел, во мај 2021 година. Тој рече дека му го пресекол грлото на Џевел, а потоа ја вклучил цевката за гас и запалил свеќа во просторијата што ја делеле.
Во октомври истата година, судија од округот Тарант утврдил дека постои основано сомневање дека Торнбург имал ментална болест или интелектуална попреченост. Судијата нареди експерт да го интервјуира Торнбург за да утврди дали има попреченост и да собере информации за каков било претходен третман.
Во декември, Торнбург беше обвинет за убиства на три лица чии јагленисани тела беа пронајдени во Форт Ворт. И покрај убиствата, тој изјавил дека неговата цел во животот е да му служи на Бог и да им помага на луѓето и дека сака да стане мисионер.
Во февруари 2022 година, Торнбург беше обвинет за убиство на неговиот поранешен цимер, Џевел, и се соочи со доживотен затвор за убиство и подметнување пожар. Официјални лица рекоа дека Торнбург дури и зборувал на погребот на Џевел.
По неколкугодишно одложување на судењето, судењето почна во ноември годинава. За време на судењето, Торнбург призна дека изел дел од срцето на Луерас пред да ги чува неговите останки.