Монструм од Чешка држел окована жена 3 месеци во подрум, јадела од чинија за кучиња

Ја држел младата жена во окови и ја натерал да пие од валкана кучешка чинија, а кога конечно успеала да побегне, на 16 февруари во 3 часот по полноќ, соседите останале запрепастени од глетката што ја виделе. Тие исто така истакнаа дека Карел наводно ја познавал жртвата, а соседите рекле дека биле сведоци на истите настани.

Тој претходно во 2021 година однел невработена жена во својата куќа и брутално ја малтретирал. Ја убедувал да дојде кај него ветувајќи ѝ работа. Сепак, жената во куќата ја дочека вистински пекол – ѝ ставил маска за куче, ја држел на синџир и ја терал да биде секогаш на сите четири, во спротивно ќе ја удри со жица. Во злосторството му помогнал познаник.

„Таа беше мачена на различни начини, понижувана, принудувана на одредена форма на сексуален однос“, објаснува претседателот на Окружниот суд Лони.

Младата жена успеала да побегне, а Карел Н. бил осуден на три години затвор, но по жалба во 2022 година бил пуштен условно. Потоа се заколнал дека никогаш повеќе нема да направи такво нешто, а судијата пресудил дека првично изречената казна од три години е превисока за делото.

По неполни три години, Карел изврши ново грозоморно злосторство. Тој го уништил животот на 27-годишна жена која имала среќа да избега од рацете на овој криминалец.

На тој 16 февруари, младата жена дошла на вратата на нејзините соседи барајќи помош. Нејзиниот изглед ги вознемирил… Беше ќелава, кожа и коски, со дебел синџир врзан околу вратот.

“Таа рече дека мажот ѝ ја избричил главата и ретко ѝ давал храна, понекогаш малку леб и вода во сад за кучиња. Ја соблекол гола, ја врзувал со синџири, ја тепал, ја силувал и правел други ѕверства”, велат соседите.

Соседскиот пар со нож ја ослободиле жената од синџирите, а потоа повикале брза помош и полиција, пишува blikk.hu.

„Таа рече дека била врзана за креветот, но на крајот, навечер, кога тој не бил дома, успеала да се ослободи од синџирите и да побегне низ прозорецот“, раскажуваат соседите.

Карел Н. моментално е во притвор и го чека судењето за киднапирање и напад. Тој ќе остане во истражен затвор бидејќи работи како возач на камион, што потенцијално може да доведе до бегство од земјава. Доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со затворска казна до 12 години.