Ненадејна промена на времето доаѓа во многу делови од Европа!
Метеоролозите во Германија најавија пад на температурата за 20 степени и очекуваат во некои региони да наврнат рекордни количества дожд.
– Големи поплави може да има во југоисточна Германија и соседните Австрија и Чешка. Доколку се остварат сегашните пресметки, во големи делови од јужна Баварија се би било под вода – предупреди метеорологот Роналд Поршке во изјава за порталот Wetter.net.
И метеорологот Албан Бурстер е загрижен поради пресметките што ги направија метеоролозите во понеделник.
– Да се надеваме дека сегашните предвидувања нема да се остварат. Во спротивно, повеќе нема да зборуваме за долината Ар туку за југоисточната милениумска поплава – рече Бурстер.
Turbulente Wetterwoche ⛈ – Tief ZILAN mischt Europa auf!
— wetteronline.de (@WetterOnline) September 9, 2024
Verfolgt das Tief im WetterRadar! 👉 https://t.co/aTfa65mys0#Herbst #Temperatursturz #Starkregen #Gewitter pic.twitter.com/wCGC68RNzm
Друг метеоролог предвидува можност за катастрофа.
– Над северна Италија се формира бурен суперклеточен облак, кој за време на викендот ќе се движи кон Балканот и ќе се приклучи на друга ќелија над источна Европа. Буквално ја впива водата и произведува огромни количини дожд. Поплави може да се очекуваат во делови од источна Австрија, Чешка, Словачка и Полска, кои локално може да се претворат во катастрофа – изјави метеорологот Александар Кениг.
Метеорологот Доминик Јунг изјави дека на Алпите може да паднат два до три метри снег.
– Очекуваме исклучително насилна промена на времето каква што ретко се гледа. До викендот на Алпите би можело да падне свеж снег од два до три метри. Делови од Европа се изложени на голем ризик од поплави – предупреди Германецот Јунг за Merkur.de.
Метеоролозите најавуваат врнежи за четврток и значителен пад на температурата и во Хрватска. Веќе еден ден подоцна на места ќе биде само девет Целзиусови степени во средината на денот.
И ДХМЗ за утре издаде жолт метео-аларм за цела Хрватска, а на целото крајбрежје е објавен и портокалов метео аларм.
– Посилните грмотевици може да предизвикаат голема штета. Заштитете се од гром. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави и бурни налети на ветер, но и градот – предупредија од ДХМЗ крајбрежните жители.
U 2 dana iz “kratkih rukava” 👕🩴u “zimske kapute” 🧥☔️ https://t.co/CPQs6OJkoS#PromjenaVremena #Kiša #OsjetUgode pic.twitter.com/824H80md3i
— DHMZ (@DHMZ_HR) September 11, 2024
Покрај промената на температурата, метеоролозите на ДХМЗ за петок најавија и можност за појава на првите снегулки на планините.
Температурата во четврток попладне ќе опадне, а од петок значително постудено, особено во внатрешноста, предупреди ДХМЗ.