МОНСТРУОЗНО ЗЛОСТОРСТВО – Фудбалер од Германија силувал и убил девојка на роденденска забава, а судот донел срамна одлука

На само девет години затвор е осуден Џоел Г. (20 г.), фудбалерот кој ја силуваше и уби Милена О. (18 г.) во Германија.

Како што е докажано, тој во март годинава ја одвлекол девојката од забава во градот Брамше, ја силувал и и нанел тешки физички повреди од кои набрзо починала.

Кобната вечер девојката дошла кај своите две другарки кои го прославувале полнолетството, а околу 01 часот и 30 минути гостите забележале дека ја нема.

По долга потрага таа била пронајдена околу 02:40 часот на спортскиот терен со тешки повреди. Нејзината облека била искината и била облеана во крв. И покрај напорите за спасување, таа починала набргу по пристигнувањето во болница.

Фудбалерот бил уапсен неколку часа подоцна во станот на неговата мајка. Истрагата утврдила дека тој и претходно бил пријавен за следење, а како тинејџер силувал жена.

Германијасилување