Времето никако не се смирува во централните американски држави, кои се познати по разорните торнада. Но, овогодинешната сезона на торнада е навистина нешто посебно затоа што се забележани необични торнада кои неочекувано го менуваат правецот или ги преминуваат сопствените патишта и на тој начин двапати ја погодуваат истата област, што се случува многу ретко.
Најновата вест доаѓа од државата Оклахома каде е забележано торнадо широко 1,6 километри. Непотребно е да се каже дека „чудовиштето“ предизвика огромна штета. Дуваа ветрови со брзина од 250 км/ч.
Oklahoma Tornado. pic.twitter.com/4U7NkaZybh
— Mic-Ha-El (@marineo341) May 7, 2024
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за „екстремно опасна ситуација“ за делови од државата до 5 часот наутро по локално време во вторник.
„Оклахома ќе биде уништена“, напишаа локалните жители на социјалните мрежи.
Полицијата во Бартлсвил, Оклахома, соопшти дека торнадото било широко „една милја“ (1,6 км), според објавата на ТВ метеорологот Колин Мајерс на социјалната мрежа Х.
Good grief.
— Collin Myers (@collinmyerswx) May 7, 2024
North of #Barnsdall, Oklahoma.
A Tornado Emergency continues. #okwx pic.twitter.com/VzS83R68lL
Според првите информации има жртви, но точниот број на жртви засега е невозможно да се утврди. Особено тешко беше погоден градот Бернсдал со околу 1.000 жители. Исто така, треба да се каже дека метеоролошката служба на Оклахома, поради честите торнада, ретко се квалификува како „особено опасна ситуација“ – и овој пат тоа го направи. Во сила е од 5 часот по локално време. Неколку лица се хоспитализирани, а десетици амбулантни возила се на терен. Големи делови од Оклахома се без струја.
Drone view of the large, long-lived tornado near Hominy, Oklahoma, north of Tulsa about 15 minutes ago. May still be ongoing! #okwx @NWStulsa pic.twitter.com/nv3z89yMg7
— Dan Robinson (@stormhighwaycom) May 7, 2024