МОН: Нов повик за студентски субвенции, условите се менуваат

Министерството за образование и наука (МОН) соопштува дека се направени измени во Законот за субвенционирање на студени, согласно кои се проширува опфатот на мерката.

Како што соопшти Министерството за образование, отсега статусот на вработување не е ограничувачки услов за студентите, така што ќе имаат право на сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, како и студентите запишани на постдипломски студии и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава.

„Во согласност со законските измени, на овој линк е објавен нов повик за остварување на правото, на кој можат да се пријават сите студенти кои припаѓаат на која било од категориите согласно проширената инклузија на мерката. Рокот за пријавување на овој вонреден повик трае од 14 до 16 април.

„Субвенцијата за студентска исхрана е финансиска поддршка во износ од 140 денари, која студентот ја добива од Министерството за образование и наука за набавка на подготвена храна. Корисниците имаат право да ја користат услугата од понеделник до сабота во текот на учебната година, со исклучок на периодот од 1 јули до 1 октомври, како и за време на официјални празници и неработни денови.

„Од следниот месец – мај 2025 година ќе продолжи обврската на Министерството за образование и наука да објавува повици на месечно ниво, од 1-ви до 5-ти во месецот, на кои ќе можат да аплицираат сите студенти кои претходно не ги исполнувале условите или поради некоја друга причина не аплицирале и не го искористиле ова право. како и заложбите на институцијата за олеснување на образовниот процес на младите Во Буџетот на Министерството за 2025 година, средствата за студентскиот стандард се зголемени за 18% во однос на минатата година и достигнуваат речиси 2 милијарди денари“, велат од Министерството за образование и наука.