Министерството за образование и наука соопштува дека од понеделник почнуваат исплатите за средношколците и основните училишта како мерка за поддршка на семејствата со ученици.
Како што соопшти МОН, министерката Весна Јаневска на првиот ден од мандатот ги задолжила надлежните сектори да направат детална проверка на нереализираните финансиски обврски кон секој студент чие семејство ги исполнува условите и аплицирало за остварување на ова право.
Врз основа на доставениот извештај се прави динамичен план дури и за исплатата која почнува од утре.
Наместо неквалитетни решенија, учениците и нивните семејства заслужуваат вистинска континуирана поддршка за да го олеснат образовниот процес и да ги надминат предизвиците со кои секојдневно се соочуваат“, велат од Министерството за образование.