Морган Фримен откри зошто никогаш не ги вади златните обетки: Причината е шокантна

Актерот Морган Фримен ја откри причината зошто секогаш ги носи своите препознатливи златни обетки.

Морган Фримен носи златни обетки од 1987 година, кога се прослави во филмот Street Smart . 

Но, тие не се само моден детал. Фримен еднаш објасни дека обетките служеле како „осигурување“ во случај на неговата смрт, особено ако умрел во странска земја.

„Тие вредат колку еден леш. Морнарите ги носеа поради истата причина, а јас ги носам поради тоа“, рече тој во една од своите објави на Инстаграм.

Откри од каде доаѓа неговата инспирација

Инспирацијата за овој обичај ја нашол во филмот „The Crimson Pirate“ од 1952 година, во кој Барт Ланкастер глумел пират.

Фримен признал дека овој филм е значаен за него затоа што дознал дека морнарите носат златни обетки за да обезбедат средства за нивниот погреб доколку умрат во странска земја.