Морган Фримен откри која улога му е најважна во кариерата: И денес имам почит кон тој филм

Актерот и продуцент Морган Фримен откри која улога му била најважна во кариерата.

Фримен, кој е едно од најпрепознатливите лица во Холивуд, никогаш не бегаше да глуми во различни жанрови. Но, неговата актерска игра особено се издвојува преку неговите улоги во филмовите “Seven”, “The Shawshank Redemption”, “Olympus Has Fallen”, “Along Came a Spider”, “Invictus”, “Red”, “Kiss the Girls” и многу други.

Сепак, актерот смета дека неговиот најважен проект во кариерата е всушност улогата на Џон Раулинс во филмот „Глори“ од 1989 година. Тоа е и едно од неговите први филмски остварувања.

Во филмот глумеа и Метју Бродерик и Дензел Вашингтон. Заплетот на филмот се фокусираше на американската граѓанска војна, и конкретно на афро-американските војници кои го сочинуваа 54-от полк на доброволната пешадија на Масачусетс.

Филмот на режисерот Едвард Цвикје доби многу пофалби по неговото прикажување, вклучително и неколку номинации за Оскар.

Фримен изјави дека „Глори“ ја носи титулата најважен проект во неговата кариера поради темата. Тој смета дека ова било тема и област од историјата за која порано ретко се зборувало или нагласувало, поради што бил толку горд на проектот. Фримен признал дека му биле важни и голем број други филмови во кои глумел, но дека ниту еден од нив немал такво влијание врз него.

„Имав толкава почит кон тој филм кога го снимавме и сè уште го имам до ден-денес. Тоа е толку важен филм за мене бидејќи ни прикажува дел од американската историја за кој не знаеле многу луѓе“, рече Фримен.