Морковите се особено богата храна со микронутриенти како што се витамините, минералите и антиоксидантите. Содржат значително количество на вода и се нискокалорична храна. Ова ги прави т.н. „супер-храна“.
Морковите се одличен извор на бетакаротен, растителни влакна, витамин К, калиум и антиоксиданти. Крцкав, вкусен и високонутритивен. Морковот главно се состои од вода и јаглехидрати. Нуди голем број здравствени придобивки, го подобрува офталмолошкото здравје, а каротенските антиоксиданти се поврзуваат со намалување на ризикот за добивање рак.
Бета каротенот е всушност портокаловата боја на морковот. Апсорпцијата во организмот е подобра доколку морковот се консумира зготвен. Има низок гликемиски индекс, па е погоден и за дијабетичарите.
Морковите содржат високи концентрации на витамин А. Исто така содржат и А провитамини (бета и алфа каротени) кои во организмот се трансформираат во витамин А.
Морковите можат да го подобрат варењето и имунитетот. Покрај тоа, тие се одлични за циркулација и воопшто за здравјето на срцето.