‘МОРНИЧАВА’ ИСПОВЕД – Оваа девојка спиела со тројца мажи истовремено и доживеала целосен шок! Авантурата ја чинела многу затоа што создала голем проблем: “Немав никаков поим…“

Исповедта на Наташа МекМанус која ја сподели на Quora.com ја шокираше јавноста и е вистински хит, а со своето искуство оваа девојка покажа дека е многу непромислена работа тоа што го направила поради што научила голема лекција.

Бидејќи била привлечна и пожелна, се впуштила во авантура која за многумина е неприфатлива. Таа во период од два месеци имала интимни односи со тројца мажи истовремено.

Во својата исповед таа открива:

Не ми пречеше да спијам со сите тројца во исто време, не буквално како во групен секс. Никој од нив не знаеше дека имам уште двајца, па затоа уживав. Не знам зошто, но сакав да имам неколку мажи одеднаш. Имав само 18 години. Не знам ни како не разбраа што правам. Меѓутоа, во еден момент забременив, а немав поим кој е таткото. Се обидов да ги задржам со тоа што на секој од нив посебно му кажав дека е татко на детето. Првиот побегна со брзина на светлината, додека вториот ме нападна затоа што го лажав дека земам апчиња. Бидејќи тогаш не работев, не можев сама да одгледувам дете“.

Таа додала дека најголема надеж полагала во третиот дечко кој е од добро ситуирано семејство и кој секогаш и велел дека би сакал да ја исполни својата улога на татко.

Кога му кажав дека сум бремена, прво ме праша дали е единствениот што спиел со мене во тоа време. Се преправав дека сум лута што ме прашува и поцрвенев внатре, а потоа ми кажа дека никогаш во животот не доживеал оргазам во вагината на некоја девојка, па одби да се поврзе со приказната“, раскажала оваа девојка која потоа додала како останала сама:

Значи останав сама. Го допрев дното. Сите мои пријатели кои ме обожаваа поради тоа што сум кул девојката одеднаш исчезнаа. Морав да абортирам бидејќи не можев да воспитам дете без пари, работа и стан, а моите родители не сакаа да ми помогнат бидејќи знаеја каков живот водам. Денеска се каам за одлуката, но бев премногу млада. Најмногу ми помогна тоа што го допрев дното и станав од вистински животен проблем и ја знаев сета вистинска болка. Да речеме дека за неколку дена созреав до крајот на животот“, заклучила Наташа која со текот на времето го променила начинот на живот и денес работи во мала компанија во Единбург и е среќно мажена.

бременостженаживот