Автобус што превезувал ученици и камион се судриле на пат во југоисточниот дел на Бразил, при што загинале 12 патници, а 21 се повредени, соопштија денеска властите.
Возачот на камионот, исто така повреден, се обидел да побегне од местото на несреќата синоќа кај Нупора, град на 370 километри од Сао Паоло, но бил фатен и хоспитализиран.
Тој беше обвинет за ненамерно убиство и други кривични дела.
На снимката се гледа дека левата страна на автобусот е целосно уништена.
Поради несреќата во бразилската држава Сао Паоло е прогласена тридневна жалост.