Најмалку седум лица загинаа, а 69 се повредени кога патнички воз излета од шините откако се урна мост во Русија синоќа.
Претставници на „Руски железници“ објавија дека мост во рускиот Брјански регион, кој граничи со Украина, е оштетен како резултат на нелегално мешање.
Руската новинска агенција Тасс јави дека дел од мостот се урна, а потоа падна врз воз што минувал подолу.
Александар Богомаз, гувернерот на регионот Брјан, изјави дека меѓу повредените има и две деца.
– Итните служби се на местото на настанот. Се прави сè за да им се обезбеди на жртвите сета потребна помош – напиша тој на Телеграм.
Рускиот Телеграм канал База, кој често објавува информации од извори во безбедносните служби и агенциите за спроведување на законот, објави, без да наведува докази, дека мостот бил дигнат во воздух.
Ројтерс не можеше независно да го потврди ова.
Откако Русија ја нападна Украина пред три години, продолжија прекуграничните гранатирања, нападите со беспилотни летала и тајните напади од Украина во регионите Брјанск, Курск и Белгород што граничат со Украина.
Трагедијата се случила во округот Вигонички, на околу сто километри од границата со Украина.