Виенските власти имаат нов извештај за случајот со сексуално злоставувано девојче (12) во Виена: форензичарите ги прегледале мобилните телефони на петтемина наводни сторители и успеале да ги вратат избришаните податоци.
Како што се наведува, од нив може да се заклучи дека членовите на бандата лажеле кога изјавиле дека имаат консензуална врска со девојката. Покрај тоа, инспекторите сега имаат докази дека таа не била единствената жртва.
Овој случај предизвика бес пред неколку месеци: девојче, тогаш на возраст од 12 години, беше силувано во текот на подолг временски период во виенската област Фаворитен. Во февруари австриската полиција уапси 17 млади луѓе на возраст од 13 до 18 години.
Тинејџерите се со сириско, турско, италијанско, бугарско и српско потекло. Девојчето било жртва на сексуален напад во скали, хотелски соби, приватни соби и гаражи.
Во средината на мај, еден од адвокатите на наводните сторители презентираше пораки на Инстаграм во кои жртвата, наводно, тврдела дека има 16 години и доброволно се среќава со тинејџери за секс.
Во пораките стои дека таа наводно и’ напишала порака на пријателка:
– Но, работата е што јас го сакав тоа и им кажав на овие момци дека имам 16 години .
Меѓутоа, форензичарот за податоци сега можеше да докаже дека лажната сметка ја креирал еден од осомничените сторители.
Како што пренесува весникот „Кронен“, вештакот открил и други документи, фотографии и видеа кои покажуваат како други девојки биле сексуално злоставувани. „Антос“, како што групата се именуваше по „Антонспарк“ во Виена, користеше мизогински термини кога зборуваше за девојчиња.
За мајката на девојчето е несфатливо што на првиот распит не им биле одземени сите мобилни телефони на обвинетите. Жената ја опишува неактивноста на властите како „шлаканица за нејзината ќерка“.
Додека нејзината ќерка, вели таа, има проблеми со спиењето и зема лекови, осомничените тинејџери се на слобода.