Српската тенисерка Наталија Стевановиќ проговори за заканувачките пораки кои ги добива на социјалните мрежи.
Стевановиќ не успеа да влезе во главната ждрепка на турнирот во Гвадалахара, бидејќи Матија Матеас во квалификациското финале беше подобра од неа со 6:3, 7:5, по два часа и 12 минути игра.
По тој натпревар, Наталија на Инстаграм доби многу навредливи и заканувачки пораки кои реши да ги објави.
Како што вели, пораки со ваква содржина добива и кога победува.
“Што да кажам после ова? Дали треба да бидам загрижен за мојот живот само затоа што изгубив по повредата. Спортистите го даваат својот максимум на теренот и ваквите заканувачки пораки се нешто многу сериозно. Ова го објавувам за прв пат бидејќи јас Доста ми е од вакви пораки што ги добивам и кога победувам“ , напиша Наталија на Инстаграм и ја сподели содржината од која се гледа дека станува збор за морничави закани.
Да потсетиме, Наталија најголемиот успех во кариерата го постигна на овосезонскиот Вимблдон, кога стигна до третото коло.