Неапол беше погоден од силен земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, поради што многумина ја поминаа ноќта на улиците и во своите автомобили. Зградите беа оштетени, а потресите продолжија во текот на ноќта.
Ова е познатата вулканска област Кампи Флегреи, на периферијата на Неапол, каде земјотресите се случуваат стотици години.
Бројни жители на Неапол и околината цела ноќ ја минаа на улиците и во своите автомобили по силниот и многу долг земјотрес што синоќа околу 1 часот и 25 минути го разбуди градот.
На земјотресот со јачина од 4,4 степени му претходела силна експлозија, а епицентарот бил на длабочина од само 3 километри во Пузоли.
Делови од Неапол останаа без струја, а еден маж е спасен од делумно урната куќа во близина на епицентарот.
Неапол се наоѓа на флегрските полиња, вулкански басен што ја прави целата област подложна на земјотреси, а по силниот удар се отвори сеизмички рој, а во следните часови беа забележани серија потреси со послаб интензитет.
„Кориере дела сера“ пишува дека интензитетот на земјотресот бил сличен на оној што ја погоди областа во мај минатата година.
Многу луѓе ги напуштија своите домови во страв од потресите, а во текот на ноќта се појавија фотографии од оштетени куќи и автомобили погодени од урнатини.
Училиштата во Позуоли денеска ќе останат затворени. Цивилната заштита и Координативниот центар за спасување во текот на денот ќе ги анализираат штетите и ќе ја проверуваат стабилноста на објектите.