Фудбалерите на Црвена Ѕвезда во петтото коло од Лигата на шампионите од 18:45 часот на домашен терен играат против Штутгарт додека увертирата на овој натпревар ја создадоа навивачите, кои се степаа на белградските улици.
Најжестоката навивачка група на Црвена Sвезда, популарната Делии, ги претепа навивачите од Германија, според неофицијални информации, група од околу 30 навивачи од Србија налетале на група навивачи на Штутгарт и ги повикале на „фер“ пресметка, откако од која Германците побегнале.
Меѓутоа, еден од нив од ќотекот кој го добил останал да лежи на улица.
Тој се обиде да стане, но не можеше, кога друга група Делии втурна внатре и непрестано го удираше.
Како изгледаше сето тоа можете да видите во видеото подолу.
Исто така, има повеќе снимки од оваа тепачка.