Вработен во центарот „Опфакос“ во Пеќ, како што пренесуваат локалните медиуми, малтретирал дете со Даунов синдром.
Како што е соопштено, насилството го извршил пред вработените во споменатиот центар, пред претставник на невладина организација и други сведоци.
Вестта ја објави организацијата „Даунов синдром Косово“.
– Насилството беше извршено на плажата Велипоље пред бројни сведоци. Присутниот сведок е подготвен да сведочи и изјави дека човекот прво го малтретирал детето, а потоа го фрлил во вода. Тоа се случи на 6 јули на споменатата плажа во Албанија. – се наведува.
Како што рекоа, родителите на малтретираното дете потврдиле дека знаеле што се случило, но одбиле да го пријават случајот.
– Здружението „Даунов синдром Косово“ постојано се занимава со промоција, почитување и заштита на правата на лицата со Даунов синдром и има нулта толеранција кон секаков облик на насилство врз нашата заедница.
ДСК и заедницата на лица со синдромот најостро го осудуваат чинот на господинот и ги повикуваме сите органи за прогон да се справат со предметниот случај на фер и професионален начин. ДСК е подготвен да соработува со релевантните институции, согласно важечката законска регулатива и Политиката за заштита на децата – како што е наведено.