Генерал-потполковник Еседули Абачев, кој беше лично одликуван од претседателот на Русија Владимир Путин, беше тешко ранет во напад врз руски конвој во Курската област ноќта помеѓу петокот и саботата.
Се верува дека нападот во ноќта помеѓу 16 и 17 август го извршиле украинските сили. Нападот се случил на автопатот Рилск-Хомутовка, во кој Абачев се здобил со тешки повреди.
Станува збор за заменик-командантот на северната група руски трупи.
Абачев бил префрлен во Централната клиничка болница Вишневски во Москва, каде што му биле ампутирани раката и ногата, пишува „Украинска правда“.
Британскиот „Сан“ пишува дека Абачев има 57 години и е одликуван офицер. Проруски извори јавуваат дека е жив, но дека сè уште е во сериозна состојба, пренесува Јутарњи лист.
Во текот на последните децении, Абачев бил вклучен во речиси секоја војна на Кремљ. Дипломирал на Високата школа за тенковска команда во Харков во 1989 година, а потоа се борел во ерменско-азербејџанскиот конфликт, Втората чеченска војна, руската интервенција во Грузија во 2008 година и во Сирија, а од 2022 година играл важна улога во руската интервенција во Украина.
За секој од овие подвизи, Путин лично му го додели Орденот за храброст.