Труп на кит во фаза на распаѓање, долг девет метри и тежок повеќе од 10 тони, е пронајден вчера на брегот на крајбрежниот град Диен Хунг во Виетнам .
Локалните власти и рибарите го извадиле и го закопале мртвото животно истиот ден во согласност со обичаите и традициите на виетнамското крајбрежје , јави виетнамската агенција ВНА.
Крајбрежните Виетнамци веруваат дека китот е свето животно кое им помага на рибарите на море.
Затоа тие често ги спасуваат овие животни, а мртвите ги погребуваат со традиционална, свечена церемонија.