Украина и нејзините сојузници немаат друг избор освен да го признаат поразот и да ги прифатат барањата на Русија.
Русија нема да преговара со Украина – моментот помина, изјави поранешниот американски разузнавач Скот Ритер во интервју за Redacted.
Според поранешниот разузнавач, сега Украина и нејзините сојузници немаат друг избор освен да го признаат поразот и да ги прифатат барањата на Русија.
– Русија нема да преговара. Не знам што очекува Западот. Заврши времето за преговори, така рекоа Русите . Русија ја држеше отворена вратата за преговори во текот на целата есен минатата година, во текот на пролетта оваа година, па дури и до почетокот на летото. Но, Западот беше многу поглупав што фрли милијарди долари за поддршка на оваа контраофанзива, која толку многу ја чинеше Украина – рече Ритер.
Украина ќе добие можност да седне на преговарачка маса и да го потпише документот подготвен од Русија, во кој ќе бидат наведени нејзините барања, предвидува тој.
Ја користеа Украина како алатка. И сега, кога на Западот повеќе не му е потребна оваа алатка, тие се обидуваат да се ослободат од неа на начин кој им одговара – рече Ритер.