Само 100 од 500 европски компании официјално го напуштија рускиот пазар, а повеќето од нив го задржаа правото на откуп, изјави рускиот вицепремиер и министер за индустрија и трговија Денис Мантуров на пленарната седница по повод Денот на индустријата.
– Тоа е податок на Асоцијацијата на европските компании. Од 500 големи компании (не ги вклучувам оние со обрт помал од половина милијарда рубљи годишно) од различни европски земји, само 100 официјално го напуштиле рускиот пазар, што е 20 отсто, рече Мантуров.
Од 350 големи американски компании застапени на рускиот пазар, 66 или околу 19 отсто ја напуштиле Русија, додаде Мантуров.
– Тоа сугерира дека нашиот пазар е интересен и дека нашиот потенцијал е исто така интересен, вклучувајќи ги и трошоците за енергенси. Погледнете што се случува во Европа. Таму компаниите навистина постепено се намалуваат, рече тој.
Мантуров додаде дека Русија не планира да престане да привлекува странски инвестиции и оти ќе создаде соодветни услови „и за поединци и за инвеститорите и сопствениците на бизниси кои се подготвени да дојдат од странство“.