-Сите сме сè уште во шок. Мојата сопруга остана во Адана. И првите информации од таму се катастрофални. И во мојот стан испукаа ѕидовите, не знам… Чекаме приватен лет за да се вратиме во Адана.
Горан Карачиќ (26) од Мостар е фудбалски голман во турскиот клуб Адана Демирспор. Разорниот земјотрес во Турција го снашол во Истанбул, но неговата сопруга останала во станот во Адана
– Вчера пристигнавме во Истанбул каде денеска требаше да играме против Умраниеспор. Но, спортскиот директор само што нè извести дека сè е откажано. Кому сега му е гајле за фудбалот, поважно е да се спасуваат животи – изјави Карачиќ за и додаде: постер
-Сите сме сè уште во шок. Мојата сопруга остана во Адана. И првите информации од таму се катастрофални. И во мојот стан испукаа ѕидовите, не знам… Чекаме приватен лет за да се вратиме во Адана.
Сопругата истрчала на патот.
-Нашето куче за среќа минута претходно почна да завива, па ја разбуди сопругата, а кога, како што вели, почна силно да завива и да гребе по подот, таа ни ги зеде документите и излезе на пат. Во моментов хаос владее во Адана, како и низ јужна Турција. Како што дознав и видов, Адана е полууништена – рече Карачиќ и додаде:
– Патем, клубот веднаш се погрижи за сите семејства на играчите и членовите на стручниот штаб, така што ние сме мирни околу тоа. Но, утрово шокот беше навистина голем. Се разбудивме, нормално, за денешниот натпревар – да одиме на појадок, а потоа видов илјада пораки на мојот мобилен телефон. На почетокот воопшто не ми беше јасно што се случува. Земјотресот го уништи градот.
– Ни кажаа дека градот што вчера го напуштивме веќе не е истиот. Тешко е да се прифати сето тоа… Сепак, јас сум во Адана со години. Тоа е мојот втор дом.