Силен порој го однесе мостот додека градоначалничката на неколку метри снима предупредување за силно невреме кое ја зафати државата!
Инцидентот е снимен во вторник наутро во Санта Тереза во бразилската држава Рио Гранде до Сул. Градоначалничката Жизел Каумо снимала предупредување за невреме кога силен порој за секунда го однел бетонскиот мост што го поврзувал градот со околните села.
Невремето погоди повеќе од 70 градови во јужен Бразил, локалните медиуми јавија дека загинале три лица, а лизгањето на земјиштето блокирало многу патишта.
Поројот однел уште еден мост во Санта Тереза, додека властите итно проценуваат дали биле зафатени и други објекти.