Моторот на рускиот авион откажа по 10 минути, драма за 236 патници! Присилно слетал на аеродромот во Шарм ел Шеик (ФОТО)

Авион Ербас А321 на руската компанија „Урал ерлајнс“ синоќа принудно слетал на меѓународниот аеродром во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.

Ова го соопшти Министерството за цивилно воздухопловство на Египет.

Локалните медиуми јавуваат дека причина за принудното слетување е технички дефект кој бил пријавен веднаш по полетувањето.

– Авионот со 236 патници тргна од Шарм ел Шеик за рускиот град Екатеринбург – соопшти египетското Министерство, кое потврди дека сите патници се безбедно префрлени во зградата на аеродромот.

Се известува дека пилотот побарал дозвола за итно слетување само десет минути по полетувањето, при што пријавил технички проблем со еден од моторите.